петок, 4. декември 2020. Вести денес: 21
home Вести

Филипче контра Филипче: Епидемијата ќе исчезне за две недели, епидемијата ќе исчезне до крај на годината

Филипче контра Филипче: Епидемијата ќе исчезне за две недели, епидемијата ќе исчезне до крај на годината

Во вчерашниот централен дневник на 1тв министерот за здравство Венко Филипче говореше за епидемијата со морбили која ја зафати Македонија од декември минатата година и се уште не стивнува.

Морам да кажам и сега јавно дека очекуваме оваа епидемија и понатаму да трае. Во Србија трае веќе 16 месеци. А, кај нас ќе трае до крајот на годината, нагласи Филипче.

Иако истиот министер велеше јавно дека истата епидемија очекува да заврши за околу 14-15 дена, колку што е и периодот на инкубација од моментот кога последниот пациент со мали сипаници бил примен на Инфективната клиника.

„Се надевам дека нема да бидат пријавени нови случаи на морбили“, изјави Филипче во интервју за ТВ 24 во јануари 2019-та година.

 

Коронавирус