понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 63
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Филипче: Ќе бараме продолжување на вонредната состојба

Филипче: Ќе бараме продолжување на вонредната состојба

Министерот за здрвство Венко Филипче истакна дека од Советот на безбедност ќе побараат продолжување на вонредната состојба.

Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција посочи дека Советот на безбедност треба да се состане во текот на утрешниот ден, а Комисијата во својот Извештај ќе препорача ново продолжување на вонредната состојба која трае до 16 мај, во сабота.

-Вонредната состојба ја бараме затоа што дел од мерките кои ги препорачуваме важат во неа и важно е тие да продолжат и понатаму. Битно е да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми по однос на рестрикциите на движењето, уредбите кои важат…заради тоа што важно е препораките на Комисијата за заразни боелсти да се имплементираат, објасни министерот.

Коронавирус