вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 10
home Вести

Филипче: Идејата е да се отворат границите без ПЦР тестови

Филипче: Идејата е да се отворат границите без ПЦР тестови

Земјите во регионот се договараат за отворање на границите без ПЦР тестови. Иако неколкупати досега беше кажано дека ќе се донесе одлука и ќе се знае дали ќе ни треба тест или не за да отпатуваме кај соседите , министерот Филипче вели дека владата чека одговор од нив , каква е епидемиолошката состојба во нивните земји и какви би биле протоколите и превентивните мерки за заштита од корона.

Инаку сите држави во светот, со сосема ретки исклучоци, како што се зголемува бројот на заразени, така ги менуваат правилата и за сопствените граѓани и за странците, за да се спречи ширењето на заразата. А, едни од најчесто менуваните правила се оние за патување и за влез во државите, а забраните или ограничувањата во речиси сите случаи зависат од бројот на заразени.

Па така влез без пцр тест се уште имаме само во Албанија и Турција. Забранет влез за македонски државјани има во речиси сите држави од ЕУ , со исклучок на оние кои имаат реглиран престој , или како што е со случајот со Германија кој дозволува да се отпатува таму вез тест само за итни, неодложни здравствени и економски причини со претходно дадена согласност.

Коронавирус