среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 137
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Филипче и покрај ветувањата, вчерашниот настан за примопредавање на вакцини го исполитизира за политички поени

Филипче и покрај ветувањата, вчерашниот настан за примопредавање на вакцини го исполитизира за политички поени

Неколку месеци откако министерот за здравство Венко Филипче најави дека Македонија ќе набави вакцини против КОВИД-19 наместо да ги купи, земјава нив ги доби вчера како подарок од Република Србија. Вчера Македонија доби 4.680 вакцини од предвидените 8.000.

Иако министерот за здравство Венко Филипче во неколку наврати во своите изјави за медиуми потенцираше дека набавката на вакцините не смее да биде политичко прашање, односно приоритетот треба да биде кон зачувување на јавното здравје.

-Во изјава за Политико потенцирав дека набавката на вакцини не смее да биде политичко прашање и нашиот приоритет е зачувување на јавното здравје. Сите земји од ЕУ во моментов се соочуваат со недостиг и предизвик во набавката на вакцини. Механизмот на европската солидарност доцни, но тој ќе се реализира, напиша Венко Филипче на „Фејсбук“ пред неколку дена.

Но наспроти зборовите на министерот за здравство Венко Филипче, сепак вчерашниот настан примопредавањето на вакцините беше целосно иполитизиран, скоро сите министри од Владата на Македонија беа присутни на граничниот премин Табановце.

-Ние не можевме да ги донесеме сите вакцини, бидејќи сите земји, а и некои фирми работат на заштита на своите производи. Затоа моравме на „Фајзер“ да му дадеме посебни гаранции дека ќе му го гарантираме начинот на транспорт на вакцините и дека вакцините ќе бидат исти како кога ние ги презедовме, велат во заедничката изјава премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На истиот настан министерот за здравство Венко Филипче најави дека вакцинацијата ќе започне од среда.
Овој политизиран настан ги разлути другите политички парти при што веднаш реагираа.

-Ако вие мислите дека со вакцини може да ги придобиете срцата на граѓаните Албанци, не заборавајте дека сте ја продале многу евтино вашата душа и сте ја загрозиле европската иднина на оваа земја, пишува во вчерашното соопштение на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

-Со Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија е осудена да живее и да зависи од хуманитарна помош и милостина од Србија.Србија дневно, секој ден вакцинира 30.000 луѓе. Вчера во Врање, само во Врање се вакцинирани една илјада луѓе во еден ден. А, досега на ниво на Врање имаме околу 8.000 вакцинирани.Така што, тоа зборува за размерите на фијаското кое што ни се случува, а само пред 7-8 години Србија беше земјата која што учеше инвестиции, и економија од Македонија.Македонија целосно потфрли, рече на вчерашната прес конференција Владимир Ѓорчев, советник по меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.
Aa

ЕУРО 2020

Македонија