среда, 14. април 2021. Вести денес: 22
home Вести

Филипче и ФЗОМ со нов грабеж на граѓаните, клексан речиси и да го нема никаде, но цената е покачена

Филипче и ФЗОМ со нов грабеж на граѓаните, клексан речиси и да го нема никаде, но цената е покачена

Лекот клексан во аптеките може многу ретко да се најде и покрај апелите на граѓаните дека е неопходен, тој сепак или го нема или тешко се наоѓа. И покрај тоа што го нема по аптеките, цената е зголемена на лекот.

Лекот кој што чинеше некаде околу 180 денари сега чини 270 денари. Но она што е загрижувачки е тоа што цената за лекот која што се рефундира од ФЗОМ останува иста, односно изнесува околу 100 денари.

Очигледен е грабежот на министерот за здравство Венко Филипче и ФЗОМ. И покрај пандемијата, кога најмногу се потребни лекарства, тогаш цените се качуваат, а залихи нема. А, потрошувачката и потребата на клексанот не се намалува.

Министерот за здравство Венко Филипче во декември при изјава за медиуми коментираше дека потрошувачката и потребата на клексан е очекувана и дека ќе има за сите граѓани на кои им е потребен лекот.

„Зголемена е потрошувачката на клексан насекаде. Така и кај нас, компанијата резервираше поголеми количини и тие се дистрибурани до сите болнички установи. Во меѓувреме, онаму каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Така што криза во смила на недостаток нема, туку зголемена потрошувачка“, истакна Филипче.

„Наместо одговор зошто го нема познатиот клексан, а граѓаните молат на секоја врата за лек, затоа што тешко, речиси невозможно е да се набави лекот, Филипче вели дека го има во доволни количини. И пак според неговата логика граѓаните лажат, а тој е безгрешен! Сега неговата неспособност резултира со тоа граѓаните да се снаоѓаат за лекот на црниот пазар. Наместо Филипче на почеток на годината да направи реорганизација на здравствениот систем во смисла да има просторни услови, медикаменти и човечки ресурси, тој ги остави работите сами од себе да се решаваат“, вели ВМРО-ДПМНЕ во едно од своите соопштенија.

Коронавирус