вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 101
home Вести

„Филипче и Дончев да одговорат зошто се брзаше да се објави тендерот за стерилизација на само еден ден пред стапувањето на сила на новиот закон за јавни набавки“

„Филипче и Дончев да одговорат зошто се брзаше да се објави тендерот за стерилизација на само еден ден пред стапувањето на сила на новиот закон за јавни набавки“

Повторно посочуваме на последната приватизација на СДСМ, за столбот на социјалниот мир и столбот на македонското здравство, услугата за стерилизација на клиниките. Филипче и Дончев се уште должат одговори на прашањето кое што јавно ги предочивме уште кога се објави тендерот на 29 март оваа година, односно последниот кога можеше да се објави тендер по стариот закон, ова денеска преку прес-конференција го истакнува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-За да се дојде до одговорите на прашањата што и тогаш ги поставивме и за да се добие почиста слика во стилот на образложувањата на Ден Дончев ќе се послужам со прашања, со бројки и со компарација на профитите заради кој што овој мега тендер можеби наликува на случајот „Диамед“. Во интерес на времето ќе започнам.

  1. Зошто министерството се брзаше да објави тендерот за стерилизација на само еден ден пред стапувањето на сила на новиот закон за јавни набавки. Повторувам на последниот ден по стариот закон се објавува тендер со милионски износи односно околу 13 милиони евра и времетраење од 15 години односно до 2034 година.
  2. Зошто јавноста не беше и не е известена дека цената за услугите за стерилизација ќе биде зголемена од досегашните 422 денари односно 6.8 евра, на неверојатни 150 евра. Дали директорите на хируршките клиники посочиле на проблемите со кои што ќе се соочат кога ќе почнат да пристигаат астрономските цени и фактури од лукративниот бизнис. Како тогаш ќе функционира и така задолженото македонско здравство и така задолжените клиники. Ќе имаме ли ново зголемување на даноците за да можеме да ја преживееме и оваа приватизација од СДСМ.
  3. Зошто македонската јавност не е известена дека на годишно ниво трошокот за стерилизација ќе порасне на неверојатни 13 милиони евра.
  4. Зошто сеуште претставува државна тајна физибилити студијата за еден ваков суштински проект, и дали се вистински информациите дека истата е изведена користејќи податоци само од клиниката за Гинекологија и Акушерство во Скопје и дали со ова се всадуваат нови непредвидени трошоци и анекси во веќе и така астрономски висок проект.
  5. Бидејќи постојано слушавме за мистериозната структура на сопственост во „Диамед“ сега прашуваме:

Дали Филипче и Дончев знаат кој е вистинскиот сопственик на компанијата „ДИАЕВИТА“ која учествуваше на тендерот, знаејќи дека структурата е составена од фирми од Албанија, Косово, Италија, Турција, Холандија итн. Знаат ли кој се крие зад мрежите од фирми и удели и дали знаат дека оваа компанија е веќе под истрага во Албанија. Го прашуваме господинот Дончев со цел да ги извести домашните власти исто онака како што ги извести сопствениците на „Диамед“ од Шведска пред потпишување на договорот.

  1. Дали е вистина дека несудениот ЦАР НА РЕАГЕНСИТЕ е повторно во игра и за овој бизнис иако нема буквално никакво искуство, предзнаење или пак допирна точка со овој бизнис.
  2. Зошто беа поставени такви тендерски услови кои што може да ги исполни само една компанија во светот – компанијата која што аплицираше „Евита“ Албанија.
  3. Дали Дончев и Филипче се свесни дека со еден ваков ексклузивен договор каде што се монополизира апсолутно целата стерилизација, потрошен материјал и инструменти за период од 15 години е спротивен на ЕУ регулативи. Дали со ова се обврзуваат клиниките нивните и онака мали буџети да бидат испразнети до крај од мистериозни странски компании, вели Стоилковски.

Тој додава дека потребни се одговори на овие десетина прашања, пациентите очекуваат одговори, се помалиот број на медицински персонал и доктори во македонските клиники очекуваат одговори, очекуваат одговори сета јавност. Одговори и одговорност од Венко Филипче и од Ден Дончев.

Коронавирус