четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Филипче греши секој ден, ама и понатаму си е министер

Филипче греши секој ден, ама и понатаму си е министер

Во светот многу министри за здравство во време на пандемија си поднесоа оставки само затоа дека дозволил некој да се вакцинира пред време, свесно или несвесно прекршиле некоја од рестриктивните мерки, им починал некој пациент поради недостаток на кислород, недостиг на вакцини или сомнителна набавка на вакцини , користеле одмор итн. Но, македонскиот министер за здравство Венко Филипче, иако му се случија скандали колку на сите министри за здравство кои во светот си поднесоа оставка во време на пандемијата, не поднесе, а и не размислува да поднесе оставка.

Така, во јули минатата година министерот за здравство на Нов Зеланд си поднесе оставка бидејќи ги прекрши мерките мерките на владата, а нашиот министер Филипче целата јавност го виде како во операциона сала седи без никаква заштитна опрема со телефонот во рака, иако при таква операција и да не е во услови на пандемија мора задолжително да се носи заштитна опрема, но и понатаму е министер.

Уште еднен пример за неодговорност и кршење на мерките кои самата влада ги носи е и дводневната тура со мотори во која уживаше министерот Филипче, и што е најлошо, заедно со премиерот Зоран Заев.

Додека министри кои отишле на викенд во време на пандемија во светот си поднесуваат оставки, во Македонија кога состојбата со вирусот е најсериозна како по број на поразени така и по поразителната бројка на починати, министерот за здравство заедно со премиерот два викенди едно подруго ги користат да уживаат во возење мотори, а последно дури за да преноќат и уживаат во добра храна, вино и дружење, отвараа и хотели за кои тие двајца донесоа одлука да се затворат за да не се шири вирусот, но и понатаму не чуствуваат никаква одговорност и не ги попуштаат фотелјите како да се залепени за истите.

Во Бразил пак, само за еден месец се сменија 4 министри за здравство, а последниот кој си замина е генералот Едуардо Пазуело кој бил критикуван за недостиг на вакцини против коронавирусот, а претходно бил и дел од истрага за недостиг на кислород во болниците. Но, Филипче и покрај тоа што испадна најнеспособен во светски рамки за обезбедување вакцини, а како резултат на тоа Македонија се најде на дното во светски рамки по обезбедени вакцини на листата за објавена од агенцијата „Блумберг“ и понатаму не сака да чуе за оставка.

Таен договор за набавка на руска вакцина кој според партијата Слобода и солидарност фрла сенка на чистата прозападна ориентација на земјата, предизвика политичка криза во Словачка која резултираше со оставка на министерот за здравство, Марек Крајчи, а на Филипче кој беше Фатен во сомнителен обид за набавка на кинеска вакцина преку фирма фантом не му фали ни влакно на главата и понатаму продолжува неуспешно да го води процесот на вакцинација.

Филипче од самиот почеток на пандемијата промаши буквално во секој аспект во справување со истата. Сите мерки кои беа носени за спречување на ширењето на вирусот беа задоцнети и не резултираа со никакви резултати за што е доказ и ситуацијата во која се наоѓа државата со превисоки бројки на заразени што не е случај со земјите во регионот.

Најлошо е што сме препознатливи сме во светот за превисока смртност од КОВИД-19 и истовремено сме меѓу најлошите во спроведување на вакцинацијата, а единствено што на министерот добро му оди е броењето на жртвите и новозаразените.

Во ваква ситуација спонтано се раѓа прашањето: Има ли Венко Филипче во главата некаква замисла за тоа што треба да се случи за еден министер да си поднесе оставка и кој критериум тој го нема исполнето?

Коронавирус