понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 102
home Вести

Филипче го скрати правото на граѓаните да се лекуваат од други болести во време на КОВИД-19

Филипче го скрати правото на граѓаните да се лекуваат од други болести во време на КОВИД-19

Пандемијата со КОВИД-19 целосно го поремети кревкиот здравствен систем во земјава. Кризата со КОВИД-19 во Македонија го комплицираше пристапот до здравствени услуги за лицата со хронични болести, малигни, итни случаи. И покрај препораките и преземените мерки, пациентите кои се борат со малигни заболувања и други болести се соочуваат со зголемен број на предизвици поради кризата со корона вирусот.

Граѓаните апелираат до министерот за здравство Венко Филипче иако ситуацијата со корона вирусот ќе потрае, нарушеното здравје не може да чека. Право на лекување според Уставот има секој граѓанин, така што мора да се направат патеки и да се знае кои здравствени установи ќе примаат пациенти со КОВИД, а кои ќе работат и функционираат нормално.

Немање на можност за лекување во период на КОВИД може да доведе секоја болест да прогресира, да се влоши, но македонскиот здравствен систем во моментот ги брои само смртните случаи од корона вирусот, но не и останатите.

Министерот за здравство Венко Филипче во една од своите изјави посочи дека и во време на пандемија, ниту еден итен случај не останал незгрижен

„Итните случаи не останале незгрижени. Стопирањето на „Мој термин“ се наметнало како нужност поради ротацијата на медицинскиот персонал кој се ротира и е ангажиран кај инфективните одделенија со цел оди да помогне кај пациентите со КОВИД – 19. Од крајот на март до крајот на август реализирани се околу еден ипол милион специјалистички прегледи. Од тие, околу 600 илјади се прегледи со упат без термин, околу 460 илјади се итни прегледи и околу 470 илјади се прегледи коишто се реализираат со закажан термин. Значи и во овој период имаше институции каде што закажувањето се одвиваше нормално. Во посочениот период направени се и близу девет илјадиоколу хируршки интервенции, За споредба, во истиот период минатата година се направени дваесет илјади хирушки зафат“.

Спротивно од министерот, граѓаните велат дека поради новонастанатиот предизвик се премести фокусот од третирање на болести, на тоа како да се добие шанса да се третираат. Голем дел од пациентите кои можеа да закажат операција, не можеа да најдат термин за бараниот КОВИД тест.

И во време кога болниците низ Македонија се преполни, кога здравствениот систем е пред крах, на Клинички одделенијата за очно и гастро се реновира, а со тоа уште повеќе се отежнува пристапот на граѓаните до тие две одделенија да отидат и да се лекуваат.

Поради ваквата лоша ситуација во здравствениот систем се апелира до министерот за здравство Венко Филипче дека потребна е нова стратегија бидејќи есенскиот бран на КОВИД -19 ги полни секојдневно болниците низ земјава и поради тоа, здравствениот систем мора да биде подготвен да одговори на потребите на граѓаните.

Коронавирус