петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Филипче го штити директорот на „Козле“ и по штета на здравјето на децата?

Филипче го штити директорот на „Козле“ и по штета на здравјето на децата?

Деновиве здравствениот персонал од Институтот за белодробни заболувања кај деца „Козле“ испрати неколку отворени писма по медиуми за лошото работење на актуелниот директор Ангелчо Андоновски. Според писмата на здравствениот кадар апелира дека директорот не размислува воопшто за заштита на здравјето на вработените, ниту пак на децата. А, по неколкуте писма испратени по медиуми каде што се повикува и министерот за здравство Венко Филипче, тој не се одѕва.

„Амбулантата за прегледи на педијатриските пациенти е соба број 6 која се наоѓа во самиот оддел во црвена зона каде се хоспитализирани пациентите со КОВИД -19. Во таа амбуланта го прегледуваме секое дете, а не секоја состојба значи инфекција со КОВИД – 19. Ова значи дека во оваа амбуланта за преглед се мешаат и негативните и позитивните деца, а со тоа се загрозува здравјето на нашите пациенти и се шири инфекцијата . И за ова состојба ние како педијатри со цел да си ги заштитиме своите пациенти и да го превенираме ширењето на заразата во неколку наврати писмено го информиравме директорот Андоновски и на тоа не добивме одговор. За децата не е обезбеден ниту простор за тријажа, тие за преглед чекаат буквално по клупите во дворот со родителите заеднички и позитивни и негативни болни деца и нивните родители од КОВИД-19“, пишува во вчерашното писмо.

Директорот Ангелчо Андоновски по обвинувањата на вработените може да се воочи дека ги прекршува сите протоколи и директно го загрозува здравјето на децата. Децата кои не се заразени од КОВИД – 19 поради неодговорноста на директорот Андоновски се загрозени да станата потенцијални новозаболени од вирусот.

За овој проблем кој што е актуелен неколку дена, одговор од министерот за здравство, Венко Филипче нема, иако беше неколку пати прозван во самото писмо од здравствените работници. Тука се поставува прашање дали самиот министер го штити директорот на Институтот за белодробни заболувања кај деца „Козле“ и по штета на здравјето на децата.

Вработените дури и ги повикуваат сите државни институции, Лекарската комора, и премиерот Зоран Заев. Апелираат да не се игнорира состојбата во Институтот бидејќи е загрижувачка.

Коронавирус