сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 8
home Вести

Филипче го потврди Камчев дека бил дома кај Боки 13, но не за рекет туку за болници

Филипче го потврди Камчев дека бил дома кај Боки 13, но не за рекет туку за болници

Министерот за здравство Венко Филипче ги потврдува наводите на бизнисменот Орце Камчев изнесени на денешното рочиште за случајот „Рекет“ дека во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски се одржала средба на која присуствувал и тој.

-Имаше некоја иницијатива за средба, за мобилизирање на некои негови познанства во врска со инвестиција во некаква форма на болница, односно здравствена установа. Тука се разговараше кратко, немаше ништо од сето тоа и на тоа се заврши, истакна Филипче во изјава за „Клан Македонија“.

Запрашан зошто средбата била во домот на Боки 13, Филипче одговори:

„Навистина има голем интерес, од бројни компании кои доаѓаат. Јас сум остварил средба со 20-тина компании од Турција плус други кои се заинтересирани да инвестираат во нашиот здравствен систем. Во таа смисла јас сум отворен и флексибилен за разговори, за се што можеме да направиме, да мобилизираме во таа смисла“.

Министерот Филипче спремен е да сведочи за средбата во куќата на Боки13 доколку биде повикан.