петок, 14. август 2020. Вести денес: 2
home Вести

Филипче: Гласањето на болните од Ковид-19 досега без проблеми

Филипче: Гласањето на болните од Ковид-19 досега без проблеми

Формирани се избирачките одбори со лекари за одвивање на изборниот процес кај болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација, тие се снабдени со соодветна заштитна опрема, гласањето се спроведува и досега нема информации за какви било проблеми, изјави денеска во Свети Николе министерот за здравство Венко Филипче.

На ниво на цела држава денеска право на глас имаат 706 лица болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре предвидено е да гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852, лицата во 13 Казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица.  Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

Коронавирус