недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Филипче ги лаже медицинските лица со една те иста награда

Филипче ги лаже медицинските лица со една те иста награда

Колку е реална наградата на Владата и министерот за здравство Венко Филипче за здравствените лица ко се справуваат со корона? 7.600 здравствени работници, кои се најзаслужни за зачувувањето на здравјето на заболените пациенти во овој кризен период, ќе добијат по 30.000 денари од страна на државата.

Посочувајќи дека тие се заеднички херои на сите, Владата се одлучи да им се заблагодари за својот труд и напорната работа целиот овој кризен период, понекогаш работејќи и по 24 часа без престан, и парично еднократно да ги наградат.

– По 30 илјади денари ќе добијат 7600 вработени во здравствените установи кои работат со заболени пациенти. ✊ Тие се нашите херои кои пожртвувано работат цела измината година. Нивниот труд го вреднуваме и поради тоа одлучивме да им дадеме еднократна награда. Здравствените работници се во првите бор бени редови и даваат се од себе за да спасат човечки животи. Ви благодарам што неуморно го давате својот максимим за подобро здравје на нашите најсакани – семејство, пријатели, нашите граѓани!, стои во ФБ објавата на министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа мерка наиде на лавина реакции по социјалните мрежи од здравствените работници.

„… Тие се нашите херои кои пожртвувано работат цела измината година. Нивниот труд го вреднуваме и поради тоа одлучивме да им  дадеме еднократна награда….Каква патетична изјава г-дине Филипче ! Зарем НИЕ – здравствените работници   и  НАШИОТ ТРУД  сме за еднократна употреба па затоа ќе добиеме еднократна награда!?Каков министер сте Вие, кога за својата фела и сите останати вработени во здравствениот сектор не можевте да се изборите за достоинствени плати , награди….И знаете многу се чудам на Вашата смелост сеуште да ја манипулирате јавноста , и да не нарекувате  “херои” само во изминатата година!Па зарем сите  ние и Вие ( меѓудругото кога сте работеле како лекар) не сме  херои секогаш,  кога ќе ја добиеме битката  со било која болест и ќе го испратиме нашиот пациент дома излекуван!? Па зарем  токму затоа не  заслуживме досега да бидеме адекватно платени а не еднократно наградени ???Зарем “хероите  од изминатата година ” Ви се важни  во секојдневниот маркетинг  само за да си го подигнете својот рејтинг ???“, пишува на социјални мрежи Жаклина Сопова.

Здравствените работници посочуваат дека ако министерот за здравство Венко Филипче навистина се грижеше за нив ќе им обезбедеше заштитна опрема наместо тие сами да си ја купуваат. Дури посочуваат дека ако навистина грижата беше толку голема модуларните болници ќе беа готови до септември за да не се најдат во ситуација да не знаат што да прават со пациентите. Протокол за лекување на пациенти до КОВИД-19 треба веднаш да се изготви така ќе им се олесни работата на матичните лекари но и на медицинските лица во КОВИД центрите.

– СДСМ да го вреднуваше трудот на здравствените работници немаше да ги остави без заштитна опрема.СДСМ да го вреднуваше трудот на здравствените работици немаше да дозволи да починат 20-тина.СДСМ да го вреднуваше трудот на здравствените работници немаше да дозволи да се заразат над 2.500 од КОВИД-19.Додека соседните земји од старт имаат протокол за лекување на пациенти од КОВИД-19, кај нас се уште нема протоколи за лекување. Секој лечи на различен начин, како знае и умее се снаоѓа за да спаси човечки живот. Доколку има протоколи ќе треба да се набави соодветната терапија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ  од пред неколку дена како реакција на соопштението на СДСМ за здравствени работници.

Коронавирус