сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 37
home Вести

Филипче ги излажа и ги остави на цедило младите лекари

Филипче ги излажа и ги остави на цедило младите лекари

Нема финансии за младите лекари кои што се обврзани да ја поминат праксата од 6 месеци за да можат да конкурираат за специјализација.

-Пари за џипови има директорот на Здравствен дом има, но за младите надежни лекари нема…Ова ли е стратегијата на Филипче и Исјановски? Вака ли ќе не мотивираат и задржат во државава, коментираат револтирано младите лекари.

Имено, утринава откако веќе потпишаа валидни договори со Здравствен дом Скопје, директорот Виктор Исјановски ги повикал на состанок и им ги земал договорите. Како што сведочат „дрско им се обратил, нема финансии за вас“.

Младите лекари велат „сега сме оставени на милост и немилост на системот и владеењето на Филипче и Исјановски“.

Коронавирус