вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 4
home Вести

Филипче: Есента ќе биде многу ризичен период, рано е да се размислува за отворање на градинките и училиштата

Филипче: Есента ќе биде многу ризичен период, рано е да се размислува за отворање на градинките и училиштата

Рано е да се размислува за отворање на градинките и дали децата ќе тргнат на училиште наесен, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Сè уште не разговараме за отворање на градинките. Рано е. Тие претставуваат ризик за ширење на коронавирусот. Уште поголем ризик за влошување на ситуацијата ќе бидат и есенските месеци. Фреквенцијата на децата во градинки и на младите во училишта се дополнителна опасност за ширење на заразата“, одговори Филипче на едно од новинарските прашања.

Вирусот, според него, се покажа дека нема да исчезне во текот на летото, како што се проценуваше поради топлото време. Очигледно е дека ќе остане присутен меѓу населението, а, како што потенцира, наесен нè очекува уште посилен бран на Ковид-19.

„Есента ќе биде многу ризичен период. Не само за нас, туку за сите земји во регионот и во светот. Сите мора да сме апсолутно свесни дека непридржување до мерките ќе доведе до зголемена трансмисија на вирусот што, пак, ќе значи и неопходност од воведување на рестриктивни мерки“, нагласи министерот за здравство.

Коронавирус