петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 7
home Вести

„Филипче да прекине да бега од одговорност, а законските измени за заштита од корона веднаш да се стават на собраниска седница“

„Филипче да прекине да бега од одговорност, а законските измени за заштита од корона веднаш да се стават на собраниска седница“

Министерот за здравство Венко Филипче веднаш без никакви изговори да ги доставите предлог законските измени со цел заштита на јавното здравје на граѓаните во ситуација на пандемија со КОВИД-19, ова денеска преку реакција до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Законот за заштита на населението од заразни болести и новите мерки за превенција од понатамошно ширење на вирусот може да бидат изгласани доколку тоа вистински го сака Филипче. Крајно време е Филипче да прекине да бега. Филипче е главниот виновник за целата ситуација во врска со корона кризата во која се наоѓа Македонија. Не може Филипче да бега од одговорност. Филипче конечно треба да понесе одговорност, велат од партијата.

Во нивната реакција стои и дека предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за специјална државна комисија за справување со пандемија која ќе брои 11 члена и во која по функција би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози тројца членови, епидемиолози двајца членови, микробиолози двајца членови, еден имунолог и еден специјалист интернист, ќе биде поднесен како посебен предлог независно од предлогот за законски измени.

-Крајно време е за делување во насока на здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус