вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Филипче бара капацитети за сместување, а не дава дозвола за работа на веќе опремениот објект „Мала Богородица“

Филипче бара капацитети за сместување, а не дава дозвола за работа на веќе опремениот објект „Мала Богородица“

И додека ситуацијата со коронавирусот е излезена одамна од колосек и додека власта и министерот за здравство Венко Филипче бараше дополнителни капацитети од приватните клиники за сместување на заболените пациенти од коронавирусот, сега наместо согласност, Филипче не дава дозвола за започнување на работа.

Од приватната болница „Систина“ која беше задолжена за опремување на старите простории на болницата „Мала Богородица“ велат дека објектот на поранешната болница „Мала Богородица“ е во финална фаза на опремување и адаптирање во ковид-центар.

„Како што веќе знаете, по прогласувањето на кризната состојба, на иницијатива на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче беше одржана средба со претставници на трите приватни клиники во земјава. На барањето да се најде решение за дополнителни капацитети со овозможени услови, кадар, опрема и лекови за згрижување и лекување поголем број пациенти со Ковид -19, приватните клиниките одговорија позитивно. На разговорите кои се одржаа беше прифатен предлогот на „Аџибадем Систина“ токму објектот на поранешната болница „Мала Богородица“ да се користи како нов ковид-центар.

Ве информираме дека по постигнатиот устен договор од министерот за здравство, „Аџибадем Систина“ веднаш почна да го опремува овој капацитет и да го адаптира објектот во ковид-центар, на сопствен трошок.
Во овој момент капацитетите може да се стават во функција, но за да се реализира оваа благородна иницијатива на Министерството за здравство, остануваат неколку отворени прашања:4

1. Се очекува Министерството за здравство да издаде дозвола на трите приватни болници да можат да го користат објектот како ковид-центар;

2. Според договореното на средбите, Министерството за здравство ќе координира која од приватните болници како и со колку ќе учествува во трошокот на овој капацитет (кој е десеткратно поголем од ветениот надомест од ФЗОРСМ);

3. Се очекува издавање на дозволата за станица за довод на кислород, кој е неопходен за третман на ковид-пациентите;

4. Го очекуваме договорениот предлог на Министерството за здравство кои се двајцата доктори кои медицински ќе управуваат со овој ковид-центар;

5. Финално се очекува Фондот за здравствено осигурување да го понуди Договорот за соработка…

По исполнување на овие договорени заемни обврски и по проценката на Министерството за здравство дека им се потребни дополнителни капацитети, „Аџибадем Систина“ е подготвена за неполни 24 часа да прими пациенти во објектот“, велат од приватната клиника.

И додека наместо веднаш да се започне со примање на пациенти во новиот ковид центар за да имаме што помалку жртви и починати лица на кои не им се пружа нега, министерот се уште неодговорно не презема ништо за да го одобри почетокот на работа на болницата „Мала Богородица“ која ќе стане новиот ковид центар во главниот град.

Најнови вести

Коронавирус