четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Филипче бара амин од Дескоска за прекин на судењата, ќе реши ли таа во полза на граѓаните или во корист на СДСМ?

Дали додека светот и Македонија се борат со коронавирусот и на секој начин превенираат жаришта кои можат да бидат извор на зараза,  кај нас политиката и партиските интереси ќе бидат посилни од превенцијата на коронавирусот и заштитата на здравјето на граѓаните? Филипче на денешната прес-конференција посочи дека судот е место каде што секојдневно има голема фрекфенција на луѓе и дека по состанокот со министерката за правда, Дескоска, ќе биде соопштена одлуката дали ќе има одложување и на судењата. Ова за СДСМ „осетливо прашање“ доаѓа на точно еден месец пред изборите, кога партијата тера кампања да не се гласа за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што така наводно така ќе го врателе „режимот“, помогнати од судовите кои им даваат „ветер во едра“ и со бесплатна реклама во вестите и на порталите потсетуваат на измислени ретро прикаски од минатото? На страна што сега ВМРО-ДПМНЕ е сосема друга, прочистена партија со целосно сменет кадар во врвот. На потег е Дескоска - ќе реши во полза на граѓаните или во корист на кампањата на СДСМ?
Филипче бара амин од Дескоска за прекин на судењата, ќе реши ли таа во полза на граѓаните или во корист на СДСМ?

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција посочи дека судот е место каде што секојдневно има голема фрекфенција на луѓе и дека по состанокот со министерката за правда, Рената Дескоска ќе биде соопштена одлуката, дали ќе има одложување и на судењата.

-Судот е место кое навистина циркулираат голем број на луѓе, ќе разговараме со министерката за правда и дополнително ќе донесеме одлука како ќе постапиме во тој дел и ќе ја соопштиме одлуката, изјави Филипче.

Покрај мерките на Владата и на Министерството за здравство судските постапки и закажаните судења се одржуваат во полни судници.

Ова е многу реално барање на Филипче, особено што доаѓа во толку битен момент во битката со коронавирусот, толкуваат познавачите за Курир.

Вистинскиот проблем е дали министерката Дескоска ќе се одважи да реагира исправно и во полза на граѓаните, или сепак, ќе игра според потребите на партијата? Јавна тајна во Македонија е  дека т.н. Кацарска судство е докажана и непримерна алатка на СДСМ за пресметка со политичките неистомисленици во државата. Ова во комбинација со Рускоска обвинителетвото стана силен белег на македонскиот правосуден систем во изминатите три години.

Во случај Дескоска да постапи исправно и да ги прекине судењата кои можат да станат извор на зараза со коронавирусот, таа би се контрирала со стратезите на СДСМ кои со помош на машата наречена Кацарска судство, успејаа предизборно дури да покренат и нови процеси, како оној за лицата кои наводно го „организирале“ 27 април, наспроти голата вистина дека местенката од дотичниот датум беше во директна организација на СДСМ, кои и беа провокаторите и причинителите на упадот, за да го забрзаат доаѓањето на власт.

Конкретен случај во кој СДСМ покажа дека Кацарска судството не признава борба со коронавирус вчера беше случајот „Титаник“ на СЈО.

Токму „Титаник“ го отвори прашањето далие е етички судија насила да приведува сведоци, доколку тие се изјаснат дека се плашат за своето здравје и поради коронавирусот не се чувствуваат добро во судница со толку луѓе околу себе? Во конкретниот случај, не зборуваме ниту за обвинети, туку сведоци кои со оглед на ситуацијата со коронаавирусот во Македонија се уплашени за себе и своето семејство?

Оваа морална дилема се отвори откако вчера петмина сведоци на Основното јавно обвинитество во случајот „Титаник“ го известија јавниот обвинител дека поради новонастанатата состојба со коронавирусот нема да дојдат да сведочат.

Курир пренесе и веродостојни извори дека дури и обвинителката била остро против стражарно приведување на сведоците, но судијата не попуштил. Информациите укажаа и дека ситуацијата е уште покомлицирана со фактот што близок роднина на еден од обвинетите е во карантин, односно е еден од здравствените лица од клиниката за кожни болести. Друг проблем е и што еден од адвокатите во Титаник  деновиве бил во Франција, која е на листата ризични земји со повеќе случаи на заразени со коронавирусот.

Меѓу обвинетите и меѓу сведоците во „Титаник“ има и стари лица, кои се дел од високоризичната група за коронавирусот. Но ништо од ова не му било доволно на судијата, кој и покрај инсистирањето на обвинителката да не се приведуваат сведоците за следното рочиште, останал на својот став.

Сите горенаведени аргументи, и здравствени и етички, не беа добро образложение за судијата, кој видно растревожен наредил полиција да ги донесе сведоците за следниот пат. Според оние кои ја посведочиле неговата реакција, кога го слушнал ова објаснување, судечкиот судија Осман Шабани се изнервирал и дал наредба за следното рочиште тие стражарно, со полициска придружба да бидат спроведени во судница.

Дали целата прикаска се сведува на политика, т.е. политички притисок, кој според познавачите на состојбите последните години стана „добар ден“ во македонското судство и обвинителство? Ова  е еден од најважните „ветри во едро“ за владата на заминување, за која ова беше еден од првите случаи кои сега притворената „рекетарка“ Јатица Јанева, тогаш како специјален јавен обвинител, го отвори против раководството на тогашното ВМРО-ДПМНЕ.

Обвиненијата се темелат на индиции и незаконски снимени телефонски разговори, нема конкретни докази, а случајот не бадијала се тегне повеќе од три години.

Реалниот проблем на Дескоска, којка доколку не би се водела од партиски, туку од национален интерес во битката со коронавирусот е што пред изборите, власта притиска по секоја цена да се продолжи овој случај и случаите со кои и натаму во познат манир треба да се каља и обесчестува опозицијата, затоа што ова се политички инструирани случаи со кои актуелната влада треба да ги потсетува граѓаните на „режимот“, самозамислен во нечии глави, апстрактна именка која според познавачите и пи-ар стартезите ќе биде и е еден од основните столбови на предизборната кампањата на СДСМ. Во недостиг на резултати освен сменето име и Устав, СДСМ ќе го „плаши“„ народот со наводно враќање на уште понаводен режим.

Дали министерот Филипче не бадијала јавно најави дека ќе се консултира со Дескоска, и самиот свесен дека неговата маленкост не може самостојно да задира во толку осетливо, партиско прашање. Особено на точно еден месец пред изборите, кога неговата партија тера кампања за да не се гласа за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што така наводно така ќе го врателе „режимот“, помогнати од судовите кои им даваат „ветер во едра“ и потестуваат на ретро прикаски од минатото?

Логичкото прашање е дали додека светот и Македонија се борат со коронавирусот и на секој начин превенираат жаришта кои можат да бидат извор на зараза,  кај нас политиката и партиските интереси ќе бидат посилни од здравјето на граѓаните?

На потег е Дескоска – ќе реши во полза на граѓаните или во корист на кампањата на СДСМ?

Локални избори 2021