понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Филипче: 2.000 вакцини од „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија, до вечер ќе пристигнат во земјава

Филипче: 2.000 вакцини од „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија, до вечер ќе пристигнат во земјава

Две илјади кинески вакцини од прозиводителот „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја, објави попладнево министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Оваа донација, посочува министерот, е од Обединетите Арапски Емирати.

-Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи, што за краток временски период се обезбеди оваа донација. Симболот на оваа здравствена криза е солидарноста, напиша Филипче.

Коронавирус