вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 33
home Вести

Минимални 113 тестирања од коронавирус, 7 нови случаи и 1 починат

Минимални 113 тестирања од коронавирус, 7 нови случаи и 1 починат

Во изминатите 24 часа направени се само минимални 113 тестирања, што резултира со исто така минимални потврдени само 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1. Досега се направени вкупно 17.359 тестирања на КОВИД-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти.

– Скопје 9
– Куманово 9
– Прилеп 8
– Тетово 13
– Охрид 1
– Гостивар 5
– Кочани 1
– Крива Паланка 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441.

ЕУРО 2020

Македонија