понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 15
home Вести

„Филип Втори“ заминува во историјата: Кое ќе биде новото име на арената во Скопје?

„Филип Втори“ заминува во историјата: Кое ќе биде новото име на арената во Скопје?

Владата пред две недели преку Агенцијата за спорт и млади побарала од сите национални спортски федерации да ги променат имињата во согласност со Преспанскиот договор, потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски за „Ефимерида Тон Синдактон“.

Грчкиот весник го упатил ова прашање откако забележал дека фудбалскиот национален тим како домаќин на квалификацискиот натпревар против Летонија бил означен како „Македонија“ во меч што се одржа на 21 март на стадионот “Филип Втори” во рамки на квалификациите за Европското првенство 2020.

Наместо „Филип Втори“, многу веројатно е да се вика „Национален стадион Скопје“, но исто така можно е да го носи името и на некој спонзор, доколку има заинтересирани компании кои би вложиле за да го добијат ексклузивното право за одреден временски период. Многу помала веројатноста е стадионот да добие име по некој познат фудбалер. Постои опција стадионот да го носи и името на трагично загинатиот поп пејач Тоше Проески.

Коронавирус