четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 73
home Вести

Фијаско на Заев и со аерозагадувањето- не мрдна со прст за почист воздух

Фијаско на Заев и со аерозагадувањето- не мрдна со прст за почист воздух

Европската Комисија вчера го презентираше редовниот извештај за состојбата со аерозагадувањето во кој се вели дека здравјето на жителите во Македонија е сериозно загрозено поради загадениот воздух што покажуваат и последните бројки на извештајот.

Ваквата состојба за жал резултира со висока стапка на прерана смрт пред сѐ поради високата концентрација на ПМ2,5 честички во воздухот.

Ова е уште една потврда дека Владата и покрај бројните ветувања за почист воздух, не мрднала ниту со прст за решавање на овој горлив проблем кој за жал е пресуден за многу прерано згаснати животи.

Скоро сите мерки кои беа најавувани од страна на Владата и Министерството за животна средина се неуспешни и заборавени.

Актуелната Влада како опозиција беше многу гласна и критични настроена кон претходната кога стануваше збор за аерозагадувањето и велеше дека го има решението за прочистување на воздухот кое треба да почне со смена ва власта.

Но откако дојде на власт како да заборави на сите оние ветувања, а мерки кои беа најавени се се нефункционални и како што се вели во извештајот на ЕК и понатаму ситуацијата е алармантна.

Како клучен проблем во оваа насока во извештајот се спомнува начинот на загревање на домаќинствата што не е непознат и за институциите на државата, но и покрај тоа што беа најавени бројни мерки во оваа насока истите не беа реализирани.

Според податоците од публикацијата „Потрошувачка на енергенси во домаќинствата“ и оваа грејна сезона во Македонија, скоро две третини од граѓаните ќе се греат на дрва како најисплатлива варијанта.

За решавање на овој проблем беше најавен и проектот со инвертерите кој бомбастично беше најавуван од Владата, но на крај остана нереализиран, а ваучерите наменети за оваа цел останаа неподелени.

Неуспешни беа и мерките кои се предвидуваа преку „Планот за чист воздух“ кој исто така помпезно се најавуваше од страна на Владата но резултати не стигнаа бидејќи повеќето од мерките кои беа предвидени во овој план кој требаше да резултира со 50% почист воздух до 2020 не се реализираа.

Не профункционира ниту мерката за еколошките налепници кои имаа за цел да ги категоризираат возилата според степенот со кој загадуваат. И покрај што беше најавена уште од лани изгледа дека процедурата за истата е заборавена, па од Министерството за економија не знаат да одговорат до кај е процедурата за истата.

Коронавирус