сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 54
home Вести

ФФМ нема обврска да се прилагоди на Преспанскиот договори, вели Османи

ФФМ нема обврска да се прилагоди на Преспанскиот договори, вели Османи

Откако вчера Грција реагираше поради амблемот, кратенката ФФМ која стои на македонскиот дрес и поради истата се жали до првите луѓе на УЕФА.

Утре македонската А репрезентација ќе го игра првиот натпревар на Европското првенство, нејзино прво во својата фудбалска историја.

За истиот приговор, односно допис бил испратен и до Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој денеска на прес конференција даде одговор околу оваа тема:
– Фудбалската федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која што во Централниот регистар е регистрирана како здружение кое што не прима државни пари. Согласно Преспанскиот договор, прашањето на името е за институции, организации, здруженија кои што примаат државни пари. Сè додека не прима државни пари, ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа.

Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои реагираат зошто не е НМ, НМК, но тој код е само за регистарските таблички, според Договорот од Преспа – се зборовите на Османи.

Коронавирус