четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 114
home Вести

Фетаи го дели ставот на колегите од СЈО, дека истрагата треба да заврши побрзо

Фетаи го дели ставот на колегите од СЈО, дека истрагата треба да заврши побрзо

Согласна сум со ставовите на колегите од СЈО и стојам на ставот кој беше обелоденет минатата недела на прес конференцијата во Специјалното јавно обвинителство, вели за Фактор обвинителката Фатиме Фетаи. Таа се уште е на годишен одмор, но е во земјава, додека за време на тоа обраќање на обвинителката Ленче Ристовска била во странство.

И сега потврдува дека стои зад тие ставови и дека очекува истрагата побрзо да заврши. Дополнителни коментари СЈО заеднички ќе соопштува. Засега не се коментира настапот на Јанева од денеска.

Инаку Ристовска се обрати ден откако кога Катица Јанева даде оставка, а беа приведени и Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец. Обвинителката Ристовска рече дека зборува од име на сите колеги па и на отсутните кои користеле одмори а ја спомена и Фетаи. Пред медиумите апелираше за побрзо расчистување на случајот и рече дека дејствијата на поединци не ја отсликуваат работата на сите