среда, 14. април 2021. Вести денес: 143
home Вести

Фаворитот на Заев за градоначалник на Скопје на дело: Скопјани утрово се гушат, додека Шилегов во 2017 ветуваше дека повеќе нема да има загадување!

И додека загаденоста освен скопјани утрово ги мачи и граѓаните на Велес, Кавадарци и Тетово, вчера во изјава за медиумите премиерот Зоран Заев со насмевка на лицето откри дека Петре Шилегов му е фаворит за втор мандат за претстојните локални избори.
Фаворитот на Заев за градоначалник на Скопје на дело: Скопјани утрово се гушат, додека Шилегов во 2017 ветуваше дека повеќе нема да има загадување!

Дојде и март, а наскоро доаѓа и пролетта во Македонија, но граѓаните особено на Скопје освен загаден воздух ништо друго не видоа во изминативе четири години од мандатот на Петре Шилегов кој според Заев е фаворит за втор мандат на локалните избори кои треба да се одржат оваа есен.

Утрово најзагадена општина во Скопје е Лисиче каде се измерени 106 микрограми на метар кубен, додека потоа следуваат Гази Баба и Центар.

И додека загаденоста освен скопјани утрово ги мачи и граѓаните на Велес, Кавадарци и Тетово, вчера во изјава за медиумите премиерот Зоран Заев со насмевка на лицето откри дека Петре Шилегов му е фаворит за втор мандат за претстојните локални избори.

„За Шилегов, како мој другар и пријател, имам само пофални зборови. Тој е еден од нашите фаворити за градоначалник на Град Скопје, сѐ уште го немам прашано дали ќе се кандидира, но за мене е еден од фаворитите, заради сите проекти кои се сработени, сѐ што е направено во овој период, имајќи предвид дека беше период на референдум, на парламентарни и претседателски избори, период на пандемија, и да се изнајдат сите средства со сите ограничувања и да се испорачаат сите успеси е вредно за огромно внимание и поддршка. Јас многупати ги коментирам ставовите, а нашите постапки ќе бидат во текот на летото бидејќи крајот на септември е кампања. Кажувам само мои лични ставови и давам поддршка на секој успешен градоначалник. Сепак, процедурите во СДСМ се отворени и транспарентни и се засноваат доминантно на поддршката од граѓаните. Граѓаните треба преку истражувачките методи да го изразат задоволството за нашите кандидати и со тоа потврдувам дека ќе се водиме да поддржиме максимално прифатливи, привлечни кандидати за граѓаните, бидејќи е важно однапред да има изградено доверба и да се решат што повеќе проблеми што ги тиштат граѓаните“, рече Заев.

И додека Заев го возвишува Шилегов кој ветуваше брда и долини, граѓаните се потсетуваат на рекламните спотови и ветувања на истиот фаворит на Заев.

Имено Шилегов во 2017 година ветуваше дека најголемите проблеми на скопјани со загадувањето, не хигиената, сообраќајниот хаос и лошата инфраструктура ќе биде решена доколку стане татко на градот.

Сепак доказот за неработењето на Шилегов во сите овие години се повеќе од јасни и ги согледуваат не само скопјани, туку и жителите на другите градови кога се во посета на главниот град.

„Треба конечно да ставиме крај на самоволието кое што досега го одредуваше градските политики. Во програмата имаме големи планови за Скопје, итно ќе донесеме сет мерки за загадување на градот, инвестираме во кули за прочистување на воздухот, еколошки јавен превоз, како и дека со закон на секоја ново изградена станбена единица да се посадат пет садници“, ова се само дел од ветувањата кои ги вети, а не ги исполни Шилегов.

Најнови вести

Коронавирус