сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 47
home Вести

Фатиме Фетаи ќе пушти 38.000 „бомби“ за „Монструм“

Фатиме Фетаи ќе пушти 38.000 „бомби“ за „Монструм“

Околу 38 илјади прислушкувани разговори и СМС-пораки поврзани со случајот „Монструм“ сега се во рацете на судот. На денешното судско рочиште за случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро, беше договорено дека од 5 септември во судница ќе почне објавувањето на овие „бомби”.

Обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство на едно од последните рочишта информираше дека по завршувањето на овој дел од постапката каде како дополнителни докази ќе бидат претставени нови вештачења од 31 телефон, судењето ќе предложи со изведување на аудио снимки и транскриптите од сите разговори поврзани со случајот, а доставени до СЈО во декември 2015 година од политичката партија СДСМ.

„Во судница ќе бидат презентирани сите материјали кои ни ги достави СДСМ, но ќе ги презентираме и разговорите кои мене ми беа испраќани“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Извор:360 степени