среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 166
home Вести

ФАТЕН НА ДЕЛО: Заев пак лажел, нема договор за учебниците

ФАТЕН НА ДЕЛО: Заев пак лажел, нема договор за учебниците

Премиерот Зоран Заев лажел кога изјави дека од учебната 2021/2022 македонските ученици ќе добијат нови учебници согласно напредокот на комисија со Бугарија. Извори во Комисијата тврдат дека двете страни се уште се далеку од било каков напредок и дека новите учебниците се само во главата на премиерот, анализира порталот Експрес.

Дека Заев лажел потврдува и друг член на комисијата за 360 Степени.

„Бугарските колеги се обидуваат да го наметнат бугарскиот етнонационален и исклучив наратив како единствен кој треба да се изучува во учебниците во Македонија. Поголем дел од бугарскиот тим во Комисијата нема чувство дека станува збор за образовен систем на друга држава и дека не може една држава да ѝ диктира на друга држава што ќе се изучува во училиштата во Македонија“, велат од македонскиот тим за 360 Степени.

Премиерот вчера објави дека на средбата на Комисијата за историски прашања бил постигнат напредок и дека во учебната година 2021/2022 ќе започне имплементација во учебниците на она што е договорено во Комисијата за историски прашања.

Според денешните извештаи, тој вчера пак ја лажел македонската јавност.

Коронавирус