петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 116
home Вести

Фарсата продолжува: Судот не го интересираат аргументите на одбраната

Фарсата продолжува: Судот не го интересираат аргументите на одбраната

Судијата Добрила Кацарска продолжува да ги прифаќа сите барања на СЈО и да ги отфрла аргументите на втората страна во спорот. Кацарска го одби барањето на одбраната да се исклучи јавноста од главната расправа со доказни постапки.

Сведокот вработен во Министерството за внатрешни работи, кажа дека постои можност во текот на испитувањето да каже некои класицифирани податоци што не би требало јавноста да ги знае. Истото го бараше и адвокатот Дангов, кој побара јавноста да се исклучи бидејќи во текот на вкрстените испрашувања може да се навлезе во сфера на строго доверливи информации.

На одбраната не и беше дозволено вкрстено испрашување. Кацарска ја минираше одбраната, сите приговори на ЈО беа усвоени од страна на судијката. Така што, одбраната немаше можност да добие било каков одговор од сведокот.

-Ова е несоодветна примена на ЗКП. Вака на овој начин вкрстените испрашувања постојано ќе бидат осуетувани и оневозможувани. Намерно го прашувам сведокот што се случило потоа, по завршувањето на постапката за јавна набавка, дали имало или немало поднесени жалби од други учесници во тендерот, бидејќи тоа е и целта на вкрстените пршања, рече Дангов.

Стручни лица од областа коментираат дека со ваквото однесување судот повеќе наликува на инквизиција, отколку на независен орган, чија единствена надлежност е да овозможи прведна, правична и фер постапка, неставајќи  се на ничија страна и овозможувајќи им и на двете странки во постапката еднаквост на оружјата, односно достапност на сите процесни институции подеднакво.

Судот противзаконски се става на страната на обвинителството и ја оневозможува одбраната.

Коронавирус