недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Вести

Фарса или правда- Според Тасева, УЈП требаше порано да ги проверува фирмите на Боки 13

Фарса или правда- Според Тасева, УЈП требаше порано да ги проверува фирмите на Боки 13

Откако Јавното обвинителство оформи предмет за случајот „Рекет“ и три лица отидоа во притвор, меѓу кои и специјалната обвинителка Катица Јанева, Управата за јавни приходи најави дека ќе изврши контрола на работењето на фирмите поврзани со првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13. Како што рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска, тие ќе испитуваат дали 1ТВ, БЈМ Медиа груп и Меѓународен сојуз ги платиле сите обврски кон државата.

Според поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева, оваа контрола требало да се изврши порано, а не кога обвинителството веќе врши истрага.

„Она што е чудно во овој случај е што УЈП најавува таква контрола кога веќе обвинителството има истрага. Сега веќе нема простор за таква контрола, таа требало да се направи порано. Сега УЈП треба да постапува само по налог и со насоки на јавното обвинителство, а не да прави редовна контрола“, вели Тасева за Призма.