Фадил Цана инфектолог од Инфективна клина во своето гостување зборуваше за пандемијата поврзана со корона вирусот каде посочи дека се добива впечаток дека не се прават доволно тестови и поради тоа се зголемува бројот на заразени од корона вирус во Република Македонија.
– Ние во секојдневната работа се соочуваме со прием на пациенти од местата кои се жариште како делови од Скопје, Тетово и би рекол дека треба да се превземат што поголем број на тестирања. Некако се добива впчаток дека не се вршата баш на тие места доволно тетсирања и заради тоа имаме постепено зголемување на бројот на новозаразени, додаде тој.
loading...