понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 103
home Вести

ЕЖЕЊЕ: Игор Дурловски и Андријана Јаневска со песна за Македонија во предвечерието на 8 Септември (ВИДЕО)

ЕЖЕЊЕ: Игор Дурловски и Андријана Јаневска со песна за Македонија во предвечерието на 8 Септември (ВИДЕО)

Предвечерие на 8ми септември. Кога се би било нормално ќе си ја честитавме независноста на нашата татковина, сигурен сум дека еден ден повторно ќе ја славиме. Вечна ќе бидеш Македонијо затоа што кај што тонеш ти извираш, напиша оперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил, споделувајќи ја песната која ја исполнува заедно со пејачката Андријана Јаневска.

-Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!, напиша Јаневска.

Негде ќе те премолчат
негде ќе те сокријат
гроб со гроба ќе покријат
само ти си бесмртна
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни
заедно ќе минеме
древна земјо Македонска
така е пишано, ништо да не бидеме
ти без мене јас без тебе.
Векови пеколни
заедно ќе минеме
древна земјо Македонска
Така е пишано, сестро
ништо да не бидеме
ти без мене јас без тебе.

Може да те одречат
други да те предадат
можат сешто да измислат
само ти си бесмртна
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни…

Слушнете ја песната од која ќе се наежите!

Коронавирус