среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 175
home Вести

Европскиот шампион Вардар се приклучи во кампањата за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања

Европскиот шампион Вардар се приклучи во кампањата за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања

Септември е светски месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања (леукемии, лимфоми и миеломи). Оваа година двојниот европски првак во ракомет, Вардар 1961 се приклучи во кампањата за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања во организација на Здружението ХЕМА.

Снимени се пет клипови со ракометарите од РК Вардар 1961 – Иван Чупиќ, Борко Ристовски, Тимур Димиров, Филип Талески и Глеб Калараш.

-Секоја година во Македонија околу 500 лица се дијагностицирани со некој вид на леукемија, лимфом или миелом. Леукемијата е најчест тип на рак дијагностициран кај лица од 0-29 години. Во светот над 309.000 лица умираат годишно од леукемија. Околу 74% од глобалната популација не знае дека лимфомоот е тип на малигно заболување, потсетуваат од ХЕМА по повод Светскиот месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања. (МИА)

Најнови вести

Локални избори 2021