сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Европски живее само власта, а народот крај со крај не може да врзе

Европски живее само власта, а народот крај со крај не може да врзе

Европски живее само власта, а народот крај со крај не може да врзе, порача кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова обраќајќи се пред неготинчани.

-Се фалат со европеизација, нè критикуваат дека сме анахронизам, дека живееме во минатото, дека не гледаме кон Европа, дека не сме способни да создаваме пријателства, дека ги отвориле портите на Европа, а ние им ги затвораме. Не, тоа не е точно. Во Европа не се оди без владеење на правото. Во Европа не се оди потонати во криминал и корупција. Во Европа не се оди со на сицилијански начин формираните фамилии при вработувањето. Не, европски живеат само тие, тие живеат во Брисел, а народот што го гледам овде, крај не може со крај да врзе, рече Силјановска Давкова.

Коронавирус