петок, 5. март 2021. Вести денес: 76
home Вести

Европски сојуз со објаснување колку е важен предметот музичко обeлоденува колку се штетни реформите на Царовска

Европски сојуз со објаснување колку е важен предметот музичко обeлоденува колку се штетни реформите на Царовска

Европскиот сојуз на музичките училишта е организација која обединува 25 национални сојузи на музички училишта и зборува во името на  600 училишта, 150 000 наставници и 4 милиони  ученици.

По најавите за промени во образовниот систем кои сакаат да ги наметнат Зоран Заев и Мила Царовска, овие стручни лица со коментар за тоа колку ваквите измени можат да бидат штетни поради фактот што предметот музичко е многу важен.

„Како таква организација ние му го придаваме најолемо значење на музичкото образование не само во музичките училишта, но исто така и на музиката во училиштата, особено основните училипта и развиваме тесна соработка со Европското здружение за музика во училиштата.

Денеска е општо прифатено и научно докажано дека музичкото образование развива кај децата не само уметнички туку и образовни, социјални и граѓански способности.

Музиката им помага децата да го развијат и зајакнат нивниот карактер и ги подобрува нивните училишни резултати.

Заради сите наведени причини, ние го поддржуваме развојот на музичкото образование низ цела Европа и во музичките училишта и во училиштата воопшто.

Се надеваме дека тоа ќе биде случај и во Република Македонија и  ќе Ви бидеме благодарни ако не информирате со развојот на состојбата во Вашата земја“, се наведува во дописот потпишан од Филип Даларун, претседател на Европски сојуз на музичките училишта.

Коронавирус