сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

Европски ден за борба против трговија со луѓе: Сите сме одговорни да ги заштитиме оние кои страдаат

Европски ден за борба против трговија со луѓе: Сите сме одговорни да ги заштитиме оние кои страдаат

Сите ние сме потенцијални жртви но исто така, сите ние имаме одоговорност да ги заштитиме оние кои страдаат затоа што биле наивни, лековерни или доволно очајни за да станат дел од мрежата на трговија со луѓе, изјави денеска директорот на Регионалниот центар МАРРИ, Сашко Коцев по повод 18 октомври Европскиот ден за борба против трговија со луѓе.

Тој го посочи примерот со 12 годишната Нермина.

– Нермина 12 години и пред неколу години заминала од Домот за деца без родители. Рано започнала со сексуални активности и многу брзо, од страна на роднините била принудена да го продава своето тело и до 15 пати на ноќ. Таа сега е безбедна, посетува редовно образование и добива помош и засолниште од невладината организација “Ла Страда” во Скопје.

Нагласи дека Нермина и останатите мора да бидат поддржани да го пронајдат излезот.

Според статистиката на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ), дури до 79 отсто од сите случаи на трговија на луѓе кои се постигнати со измама или принуда се однесуваат на проституција и сексуална експлоатација. Во другите случаи, се работи за принудено просење, робување и продажба на органи.

Жртвите се регрутирани од роднини, пријатели, познаници или криминални банди, често со ветувања за добро платени работни места. На глобално ниво, според податоците на УНИЦЕФ годишно се тргува со 2,45 милиони луѓе од кои 1,2 милиони се деца.

Тој додава дека најчесто трговијата со луѓе се одвива на национално или регионално ниво, но ЕУ е примарна дестинација за жртвите од целиот свет. Се чини, нагласува тој, дека во последниве години бројот на случаи во ЕУ се зголемува, особено преку/од централна и југоисточна Европа, Русија и Украина.

– Токму затоа Регионалната иницијатива ги поддржува политиките и напорите на ЕУ за борба против трговијата со луѓе и спроведува сопствени регионални активности за спречување и сузбивање на ова криминално дело, истакнува директорот на МААРИ.

МАРРИ (Регионална иницијатива за миграции, азил и бегалци) се бави со управување со миграциите и е во сопственост на Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово. Регионалниот центар се наоѓа во Скопје.

МИА

Коронавирус