сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 58
home Вести

Европската комисија нотира корупција во работењето на владата

Европската комисија нотира корупција во работењето на владата

Корупцијата е проблем за Македонија, се забележува во документот што ги содржи извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан, конкретно во Извештајот подготвен за Македонија. Европската комисија со забелешки за борбата против корупцијата, односно таа нотира корупција во работењето на владата, изразувајќи загриженост од политичкото мешање.

-Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик, се вели во извештајот на ЕК.

Комисијата во документот говори дека е потребна поголема координацијата меѓу релевантните чинители во борбата против организираниот криминал.

-Координацијата меѓу сите релевантни чинители е од суштинско значење. Треба да се подобри евиденцијата за истраги, обвиненија и пресуди во борбата против организираниот криминал, се вели во извештајот.

За да се постигне ова, односно да се надминат забелешките Брисел бара постојани напори од судскиот систем во земјава.

Во делот на јавната администрација, ЕК забележува дека треба да се подобри капацитетот на Министерството за информатичко општество и администрација за водење и координирање на реформите во оваа област.

Комисијата констатира дека има клучни слабости во економијата.

-Тие вклучуваат недостатоци во деловното опкружување, како што се слабото спроведување на договорите и големата сива економија. Структурните проблеми на пазарот на трудот се рефлектираат во ниската активност и високите стапки на невработеност. Фискалната политика е насочена кон краткорочни мерки и нема траен план за консолидација. Економијата се уште страда од слабости во планови, ниските стапки на иновации и значајните недостатоци во инвестициите, вклучувајќи ја особено јавната инфраструктура, се вели во извештајот.