среда, 28. септември 2022. Вести денес: 179
home Вести

Европратеникот Петерле на Твитер: Одлична дискусија со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Европратеникот Петерле на Твитер: Одлична дискусија со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот Извршниот комитет Владимир Ѓорчев,  при посетата на Брисел, остварија средба со пратениците во Европскиот парламент Иво Вајгл и Едуард Кукан и пратениците, Маријана Петир и Алојз Петерле кои се дел од групата „Пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент“.

-Европратениците Петир и Петерле ја потврдија  поддршката за Македонија и дека и понатаму ќе продолжат со нивните заложби  да и се помогне на земјата конечно да ги почне пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ. На средбите беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена целосно да се ангажира за да придонесе за побрза интеграција на Република Македонија во рамките на Европската Унија. Исто така беше нагласено дека за надминување на  разликите во однос на клучните процеси во државата потребна е конструктивност од страна на власта и политички дијалог со сите политички чинители во земјата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Со свое видување за средбата на својот Твитер профил се огласи и европратеникот Петерле, кој ја поздрави одличната дискусија.

-Одлична дискусија попладнево со Христијан Мицкоски, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Ние се согласивме дека ќе биде потребно поголемо помирување за да се засилат европските амбиции на Македонија, напиша Шетерле.

Коронавирус