петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Европа вакцинира, Македонија нема вакцини бидејќи Заев сака да одбере сам ама нема време

Европа вакцинира, Македонија нема вакцини бидејќи Заев сака да одбере сам ама нема време

Додека цела Европа утре започнува со вакцинација против Ковид -19 македонската влада не знае кога точно ќе стигнат вакцините во земјава. Дополнително што и додека македонската влада моли за вакцини од соседните земји Грција и Бугарија, премиерот Заев одбил помош за вакцини од Русија.

Во текот на вчерашниот ден во дневникот на Сител гостуваше Владимир Хрисанфов, економски советник во амбасадата на Русија кој информираше дека Македонија не испратила одговор на добиената понуда од Руската Федерација за набaвка на вакцината Спутник V.

-Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со Рускиот фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руска вакцина. Министерот за здравство, Венко Филипче, не информираше дека лице за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александра Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство.На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт, исто така и беше испратено писмо од претставникот на Рускиот фонд за директни инвестиции, кое, за жал, остана без одговор“ рече Владимир Хрисанфов, економски советник во амбасадата на Руската Федерација во дневникот на Сител.

Министерството за здравство вели дека Светската здравствена организација одлучува кога ќе ги достави вакцините.

-Темпото за дистрибуција на вакцините против Ковид 19, го утврдува Ковакс системот. Тоа е систем на СЗО и на Глобалната алијанса за вакцинација кој што овозможува како што ќе доаѓаат вакцините од различни производители еднакво да бидат дистрибуирани кон сите земји коишто аплицирале на тој механизам, велат од Министерство за здравство.

Во интервју за емисијата „Само интервју“ на Канал 5, премерот Заев најави дека граѓаните на нашата земја ќе се вакцинираат паралелно со граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ.

-На целиот наш народ му треба вакцинација со цел да стопираме пандемија. Кој, кога почнал е навистина ирелевантно. Јас не гледам на ова како на натпревар. Средства за набавување на вакцини се предвидени во буџетот. Порачавме вакцини од ЕУ, а ја прифативме и помошта во вакцини од Грција, Бугарија, Полска, Австрија. Секоја количина е добредојдена. За нас беше важно да направиме навремени чекори за да ги обезбедиме вакцините, рече премиерот Заев.

Коронавирус