сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 95
home Вести

Европа потврди: Заев ги продаде јазикот, историјата и Гоце

Европа потврди: Заев ги продаде јазикот, историјата и Гоце

Македонија дефинитивно останува без идеологот Гоце Делчев, сопствената историја како и македонскиот јазик. Владата предводена од премиерот Зоран Заев и попушти пред Бугарија и ги прифати нивните услови. Потврдата за тоа пристигна директно од Брисел.

Угледниот бриселски медиум „Политико“ вчера објави дека постигнат е компромис во ЕУ за барањата на Бугарија, а тоа го потврдил и висок дипломат од Европската Унија. Според „Политико“, Македонија ќе има историја онаква каква што налага Бугарија, а воедно нема да има македонски јазик.

-Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици и ќе го признае македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае историската вистина, како што е дефинирана од Софија и да признае дека има бугарски темели врз кои е создаден каков било македонски идентитет и официјален јазик, објави „Политико“.

Тоа подразбира дека македонската историја пред 1944 година и припаѓа на Бугарија, односно се прифаќа бугарското барање дека македонската нација е вештачка творба на Тито, со цел да се избрише бугарскиот идентитет на тукашниот народ и држава. Според ова, се од историјата пред 2 август 1944 година, не е македонско, односно се и припаѓа на бугарската историја вклучително и илинденскиот период и Гоце Делчев кои се темелот на македонскиот идентитет и државноста.

Понатаму, јазикот повеќе нема да смее да биде македонски, туку ќе биде „еден од официјалните јазици на државата“, бидејќи Бугарија смета дека македонски јазик може да биде само дијалект на бугарскиот. Дека Македонија ги прифаќа бугарските услови, може да се заклучи и од изјавите на премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои соопштија дека Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ќе добие анекс и дека има напредок во преговорите помеѓу двете држави. Имено, премиерот најави дека ќе има анекс, а потоа демантираше.

Сепак, доколку се проследи се што правеше и изјавуваше изминативе три години по однос на националните и државни прашања и преговорите со Бугарија и Грција, дефинитивно може да се смета дека тој анекс навистина ќе биде додаден на Договорот. Измените ги потврди и министерот Османи, кој после средбата со бугарскиот амбасадор во Македонија, изјави дека има напредок во преговорите со Бугарија.

Ако се знае дека Бугарија не отстапува од своите барања и се заканува со вето на македонските евроинтеграции, значи дека македонската влада е таа која попуштила во тие преговори и ги прифаќа бугарските услови. Додека владата во Македонија игра топло-ладно и нема координирани изјави по однос на ова прашање, а македонската јавност е лишена од детали и мислење за сопствениот идентитет, европската јавност веќе знае дека компромисот е постигнат онака како што бара Бугарија.

Коронавирус