четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Еврокомесарот за проширување Вархеји во Скопје

Еврокомесарот за проширување Вархеји во Скопје

Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји денеска ќе престојува во прва официјална посета на Македонија.

Како што соопшти делегацијата на Европската комисија во Скопје, Вархеји ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Вархеји исто така ќе се сретне и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Посетата на комесарот Вархеји во регионот ќе продолжи во Албанија следниот ден.

На средбите најверојатно ќе стане збор за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.

На 18 декември минатата година вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархеји во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Коронавирус