среда, 23. септември 2020. Вести денес: 132
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Еврејската заедница одбележува 75 години од возобновувањето по Втората светска војна

Еврејската заедница одбележува 75 години од возобновувањето по Втората светска војна

Еврејската заедница во Република Северна Македонија вечер во 20 часот на Малата сцена во Македонскиот народен театар ќе ја одбележи 75-годишнината од возобновувањето по Втората светска војна.

Како што најавуваат од Еврејската заедница, на сцената ќе биде претставена мултимедијална изведба „Отсјајот на Давидовата ѕвезда“ под режисерската палка на Трајко Јордановски со спој на музика, танц, глума и визуелна нарација. Еврејската заедница одбележува 75 години од возобновувањето по Втората светска војна.

Собранието за обнова на Еврејската општина по Втората светска војна е одржано на 26 декември 1944 година. За прв претседател на обновената Еврејска општина бил избран Ѓорѓи Блајер, за секретар неговата сопруга Лена, а за потпретседатели Јосип Грас и д-р Боро Варон. Со тој настан, малата група преживеани македонски Евреи го продолжи животот во Македонија. Еврејската заедница одбележува 75 години од возобновувањето по Втората светска војна.

Коронавирус