петок, 4. декември 2020. Вести денес: 54
home Вести

Еве зошто тестирањата на Мицкоски и Заев беа толку брзи

Еве зошто тестирањата на Мицкоски и Заев беа толку брзи

И Зоран Заев и Христијан Мицкоски се негативни на тестовите за коронавирус откако беа тестирани поради контакт со новинарот и уредник во Канал 5 ТВ, Гоце Михајлоски кој е позитивен на вирусот.

Бидејќи двајцата се негативни, министерот за здравство Венко Филипче, порача дека сите оние кои имале контакти со двајцата лидери не треба да се тестираат.

Тоа што тестовите и за Заев и за Мицкоски се спроведоа бргу, министерот вели дека не е поради политички приоритети.

„Тие се експонирани многу во јавноста, имаат интензивни контакти со многу луѓе, со претставници на институциите, со министри во Владата. Тука не станува збор за политички приоритети туку за заштита на функционалноста на институциите, за заштита на државните интереси, посебно во вакви моменти на криза. Тоа се луѓе кои имаат интензивни контакти и со претставниците на медиумите и во таа смисла една од целите беше да се заштитат и претставниците на медиумите каде и двајцата лидери често гостуваат“, рече Филипче.

Коронавирус