вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Еве во кои македонски градови се регистрирани новозаболени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Еве во кои македонски градови се регистрирани новозаболени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3, Неготино-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673, бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5697, активни 876
• Куманово 1379, активни 340
• Дебар 241, активни 77
• Штип 1108, активни 258
• Прилеп 399, активни 63
• Тетово 1188, активни 172
• Струга 545, активни 140
• Велес 259, активни 33
• Битола 196, активни 55
• Охрид 325, активни 59
• Кавадарци 170, активни 101
• Гостивар 740, активни 312
• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 57, активни 22
• Крива Паланка 37, активни 12
• Радовиш 40, активни 11
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 134, активни 30
• Пробиштип 76, активни 21
• Демир Хисар 60, активни 27
• Македонски Брод 69, активни 36
• Пехчево 10, активни 4
• Берово 39, активни 30
• Валандово 7, активни 0
• Виница 63, активни 41
• Делчево 34, активни 29 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 2
• Свети Николе 275, активни 65
• Кичево 263, активни 100
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 42, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), информираат од МЗ.

Инаку, како што информираа од Министерството за здравство во изминатото деноноќие починаа четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.

Коронавирус