четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Еве колку новозаболени од коронавирус има во Куманово

Еве колку новозаболени од коронавирус има во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира петнаесет новозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се десет пациенти.

-Имаме еден нов кластер, а останатите новозаболени потекнуваат од веќе познати кластери, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска, извршени се 57 тестирања од кои 22 по „Мој термин“ и 35 епидемиолошки тестови. Од почетокот на пандемијата, ковид дијагностицирани во Куманово се 1038 пациенти, од кои активни во моментов се 296 случаи.

Најнови вести

Коронавирус