четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Еве каде утрово е најстудено, таму се измерени дури -13 степени: До крајот на денот снежна покривка низ целата земја

Еве каде утрово е најстудено, таму се измерени дури -13 степени: До крајот на денот снежна покривка низ целата земја

Најстудено изутрина е во Маврово, каде се измерени -13 степени, по што следат Крушево со – 11, Берово -10, Во Крива Паланка -9, во Прилеп – 7. Минус шест степени под нулата се регистрирани во  Битола, Дебар, Штип и Тетово, -5 Скопје-Зајчев Рид и во Охрид, -4 во Струмица и Демир Капија, -3 во Дојран.  Најмногу снег има на Попова Шапка, со 40 сантиметри снежна покривка., покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови особено во југозападните делови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и до утре наутро таа понекаде во пониските места во југозападните делови ќе изнесува над 20 сантиметри снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието. Максималната температура ќе достигне од -5 до 1 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, од пладневните часови со врнежи од снег кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.

ЕУРО 2020

Македонија