петок, 24. септември 2021. Вести денес: 131
home Вести

Еве каде има активни пожари низ Македонија: Оштетена дел од пруга, пожар се шири кон селото Копаница

Еве каде има активни пожари низ Македонија: Оштетена дел од пруга, пожар се шири кон селото Копаница

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со пожарите кои се активни во Македонија.

Скопски регион

Синоќа во 23:30 часот започнат е пожар на сува трева и мешана шума на поголема површина во атар на с.Грачани. Во гаснењето на пожарот интервенираат 11 пожарникари со 3 ПП возила. Пожарот е сеуште активен.

Од ШС „Караџица“ известуваат дека пожарот над с.Рашче на планината Жеден кој избувна на ден 28.07.2021 година сеуште е активен. Пожарот е на непристапен терен над селото а гори нискостеблеста и деградирана шума. Пожарот се шири во правец на с.Копаница. Во гасењето на пожарот интервенирала екипа од ШС.
БППЗ на Град Скопје со 12 пожарникари и 3 ПП возила интервенирале за запалена мешана шума на површина од 1 хектар во Парк шумата Водно. Пожарот е изгаснат.

Штипски регион

Пожарот кој вчера се реактивирал околу 14:40 часот во градот Кочани околу фабриката за вода (нас.Припор-Горно Градче) и пошироко во раните утрински часови е ставен под контрола. Со пожарот била зафатена поголема површина на шума. Во гаснењето интервенираа ТППЕ Кочани со сите противпожарни возила, 20 лица од ШС Осогово од Кочани, 30-40 лица од ЈП Водовод од Кочани со механизација и од 18:30 часот во гаснењето на пожарот бил вклучен и хеликоптер на АРСМ.

Пожарот кој беше активен на потегот с.Тркање-с.Бели, општина Кочани е изгаснат. Екипа од ШС Кочани е на терен заради контрола на истиот, а извршен е увид од екипа од ПС Кочани.

Шумскиот пожар кој беше активен во месноста викана „Пресечена Скала“ во атар на с.Припор, општина Кочани е под контрола во внатрешноста сеуште тлее.

Пожарот кој избувнал во атар на с.Крупиште, општина Штип е изгаснат. Со пожарот била оштетена дел од железничката пруга. Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ Штип.

Велешки регион

ТППЕ Велес интервенирале на градска депонија во Велес. Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари со 5 ПП возила. ТППЕ Неготино интервенирале на запалена сува трева и нискостеблеста шума на воениот полигон Криволак. Во гаснењето на пожарот интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило и припадници на АРСМ.

Најнови вести

Коронавирус