вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

Еве дали треба да носите храна: Запалете свеќи за мир на душите на починатите, утре е Задушница

Еве дали треба да носите храна: Запалете свеќи за мир на душите на починатите, утре е Задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) …

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи.
Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата, па биле прифатени и од народот.
Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хатоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Во православната црква, празникот Задушница секогаш паѓа во сабота. Тогаш, верниците ги посетуваат вечните домови на своите најблиски, таму држат помен и делат храна за душа на умрените. Притоа, во секоја црква се служи литургија за упокоените.

Доколку верниците не се во можност да запалат свеќа на гробиштата на блиските, може тоа да го направат и во црква, каде обично се носи и пченица која по молитвата попот ја залева со црвено вино.

Но, многу верници, во спомен на своите починати, и’ раздаваат (кој што има) на свои блиски роднини, соседи, пријатели…
Инаку, во црквата постојат два вида задушници: општи и засебни.

Во врска со празникот Задушница и многуте дилеми дали треба да се носи храна на гробишта, Отец Горан Стојчевски, свештеник при МПЦ излезе со свој статус на социјалните мрежи во кој кратко и многу јасно укажува што точно треба да се носи при посета на вечните почивалишта на покојните.

-За сите верни кои останаа при својата парохија, при својот град, света обител и татковина, петок и сабота одат во храмовите каде се служи заупокоена Литургија, а и на гробовите на своите блиски упокоени за низ молитва да го преточат споменот за нив во вечност.Ако ние не појдеме на Литургијата и на гробиштата и не ги споменеме во молитвите како би рекле преку нас за нив: вечнаја памјат. Ако ги заборавиме нив, се забораваме и себе си, а заборавот е темнина, а молитвата е светлина. Видливи работи што треба да се донесат се: пченица (варена) или леб и вино, свеќа, поменик со имиња на упокоеноте и да повикаме свештеник и заедно да произнесеме молитва за нив, а останатото Бог ќе Го исполни како што сме испросиле. Друго што ќе го понесеме (најчесто е храна) можеме да го дадеме на оние што тоа го немаат и од кое ќе имаат полза.Вечен нека им е споменот на сите што се упокоиле со надеж за воскресение и живот вечен и Бог да ги упокои каде што сјае Неговата светлина – се наведува во статусот.

Коронавирус