сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Еуроњуз: Македонија е најзагедена држава во Европа (ВИДЕО)

Еуроњуз: Македонија е најзагедена држава во Европа (ВИДЕО)

Додека главниот град и натаму се гуши во загаден воздух европските и светските медиуми веќе ја прогласија Македонија за најзагадена држава во Европа.

Телевизијата Еуроњуз емитуваше прилог за загадувањето во Европа при што беше констатирано дека Македонија е најзагадена земја во Европа.

Дека загадувањето ја надминува црвената линија покажува и апликацијата ,,Мој воздух“, која ја мери загаденоста во Скопје и во Македонија.

Рано утрово во Ѓорче Петров беа измерени неверојатни 1.999 ПМ честички во воздухот, што претставува сериозна закана за граѓаните кога е во прашање нормалното живеење.