среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

ЕУ реформи на процесот: Македонија ќе добие заострени услови во преговорите и можност членките да го сопрат процесот

ЕУ реформи на процесот: Македонија ќе добие заострени услови во преговорите и можност членките да го сопрат процесот

Државите кандидати за членство во ЕУ во иднина ќе преговараат за членство преку шест кластери во кои ќе бидат распоредени досегашните 32 поглавја, објави „Дојче веле“.

Конечната верзија на новиот план на Брисел за регионот и генерално за политиката на проширување ќе биде претставена утре.

Впечаток од последната верзија на документот до која дојде „Дојче веле“ е дека тој во голема мерка им удоволува на француските барања кои беа претставени во нон-пејперот на Париз во ноември минатата година. Двете клучни барања на Франција во тој документ беа заострување на условите и реверзибилност на процесот, и токму на тие прашања е ставен акцентот и во документот на ЕК.

Санкциите, односно реверзибилноста на процесот кој го бараше Франција, се дефинира како мерка која во иднина ќе може да ја носи Европската комисија, но и земјите-членки. Особено ќе се санкционира назадувањето во фундаменталните услови. Доколку такво нешто се утврди, земјите-членки ќе имаат право да одлучат да запрат преговорите или да бидат суспендирани. Меѓу другите мерки кои ќе му стојат на располагање на Брисел ќе бидат суспензија на финансирањето, со исклучок на граѓанското општество, како и губење на бенефитите од поблиската интеграција, на пример, пристапот до програми на ЕУ и унилатералните концесии за пристап до пазари.

Целиот текст погледнете го изворно на следниот линк.

 

Коронавирус