четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 109
home Вести

Етичкиот кодекс усогласен на Жан Моне на 11 јуни на собраниска седница

Етичкиот кодекс усогласен на Жан Моне на 11 јуни на собраниска седница

Предлог-Етичкиот кодекс на Собранието, кој беше усогласен од страна на пратеничките групи на првата средба во рамки на Жан Моне процесот во Охрид, ќе биде ставен на дневен ред на седницата закажана за 11 јуни, јави МИА.

Во тек е потпишување од страна на претседателот, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи на Предлог- Етичкиот кодекс кој во текот на неделава и официјално би влегол во собраниска процедура.

Целта на носењето на овој документ е почитивање на основните етички правила и афирмација на достоинството за зачувување на угледот на Собранието и на пратениците. Етичкиот кодекс содржи поглавја со начела, јавност и одговорност, за заемно почитување и почитување на личниот интегритет на другите, основни правила на однесување, правила за спречување судир на интереси, забрана за корупција и на подароци…

За измените на Деловникот за работа на Парламентот, кои беа исто така едно од главните прашања на Жан Моне, работните групи на политичките партии, според договорот, треба дефинитивно да се изјаснат до средината на јуни. Таквите предлог-измени на Деловникот ќе бидат ставени во собраниска процедура.

Членови на работните групи на пратеничките партии се истите кои присуствуваа на разговорите во Охрид.

Разговорите во рамки на Жан Моне процесот беа иницирани од тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Освен Предлог-Етичкиот кодекс на 47. седница на дневен ред е Извештајот за напредок на ЕК за Република Македонија.

(Миа)