понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 59
home Вести

Ескобар: Со европските партнери работиме за брза интеграција на Македонија во ЕУ

Ескобар: Со европските партнери работиме за брза интеграција на Македонија во ЕУ

Со Северна Македонија не сме само пријатели, туку и партнери и сојузници, рече Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Би сакал да ја искажам нашата благодарност на С. Македонија за континуираната поддршка и придонес во НАТО и сакам да ја пренесам силната поддршката од администрацијата на САД за брза евроинтеграција на С. Македонија. Ние работиме со нашите европски партнери за да се осигураме дека тоа ќе се случи мошне брзо. Сите сме согласни дека С. Македонија е културно и историски дел од Европа и треба да биде на заедничката маса“, порача Ескобар.

Коронавирус